Форумот на жени на СДСМ денеска на прес-конференција во Собранието реагираше за случувањата на собраниската седница за пратенички прашања, кога пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Сојаноска го обвини вицепремиерот за економски прашања Бојан Маричиќ дека и праќал бакнежи и намигнувања.
-Недозволиво е да се злоупотребува собраниската говорница за изнесување лаги, тоа граѓаните не го заслужуваат. Секојдневно ги слушаме лагите на Дафина Стојаноска кажани од собраниската говорница.
Ваквото однесување на пратеничката која не штеди отровни зборови се спротивни на вредностите и заложбите на женското пратеничко лоби и не се во интерес на македонскиот парламент, изјави Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ.
Од Форумот на жени на СДСМ рекоа дека Маричиќ бил и е борец за родова еднаквост, промотор на рамноправноста и силен поддржувач на македонските прогресивни и демократски политики.
Фото: МИА