455
По објавените прислушувани разговори од страна на СДСМ, Форумот на слободоумни патриоти испрати јавно извинување, за како што велат, сите закани, уцени и вулгарности изречени од функционери и високи партиски членови на ВМРО – ДПМНЕ.
– Доколку во институционална постапка се потврди автентичноста на објавените снимки, Форумот на слободоумни патриоти, во име на чесното и лојално членство на ВМРО-ДПМНЕ, чувствува морална и човечка одговорност јавно да им се извини на секој поединец, етникум, здружение, партија и на сите останати субјекти на кои во текот на владеењето на оваа раководна структура на ВМРО-ДПМНЕ им е повредена честа, угледот и достоинството – се наведува во соопштението.