Алфи го претресувале обезбедувањето на Заев

by Фокус 22:02
22:02

Еден од членовите од обезбедувањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево бил претресуван од полициски службеници во близина на ГТЦ, кај хотелот „Холидеј ин“. Очевидци за „Фокус“ потврдија дека полицијата била организирана и броела повеќе од десетина, со што се добил впечаток дека акцијата како да била однапред договорена со намера да се пресретне обезбедувачот на Заев.

Претресот се случил по испрашувањето на Заев во Јавното обвинителство за акцијата „Пуч“, а концидира со пријавата за напад од страна на пратеникот Амди Бајрам, кој преку провладините медиуми извести дека некој го повредил во трговскиот центар, а тој потоа бил пренесен во болница.

- Advertising -

Тој јавно тврдеше дека напаѓачот е од обезбедувањето на Заев затоа што така му се преставило лицето кое подоцна и го удрило.

Оправдано е прашањето дали нападот врз Бајрам е исцениран, само за да се оправда полициската акција врз обезбедувањето на СДСМ? Дали ваквото сценарио не е притисок врз Заев и врз опозицијата? Но и тоа, како се нашле во околината толку полицајци, или пак дали обезбедувањето на Заев е под истражни мерки со следење?

Откако алфите извршиле претрес на возилото и не пронашле ништо сомнително му зеле изјава на обезбедувачот, направиле записник, но го пуштиле да замине. Неофицијално од полициски извори, практично немало никаков физички инцидент, туку само кратка вербална комуникација меѓу него и Бајрам, но сега случајот е во рацете на полицијата.

Официјалниот став на СДСМ е дека немало инцидент и дека целото сценарио е конструкција. Сега на потег е МВР да одлучи како ќе постапи и дали ќе следува некаква пријава или настанот ќе остане заведен само медиумски, како можен спин за дефокусирање?

Во соопштението на СДСМ објавено вечерва се наведува  „Немало никаков физички контакт меѓу членот на СДСМ и Амди Бајрам! Напротив двајца од обезбедувањето на Амди Бајрам и тројца од обезбедувањето на ГТЦ се нафрлиле врз него.

Полицијата којашто за брзо време се нашла во продавницата истото ова го има нотирано.Апелираме да престанат обидите за провокации и користењето марионети, како Амди Бајрам, коишто не можат да ги засенат огромните скандали во коишто е инволвирана тесната група на власт“.- се вели во соопштението.

 

Поврзани новости