Формирана нова младинска организација „Мугра“

by Фокус

„Мугра“ е името на новата младинска организација формирана од студенти, средношколци и млади лица. Организацијата ќе се залага за бесплатно високо образование, подобар студентски стандард, како и укинување на Болоњскиот систем на сите универзитети.

Според „Мугра“, идејата врз која оваа организација се заснова е пред сѐ да ги рашири прогресивните идеи помеѓу младите, а потоа и да се стреми кон нивно спроведување во општеството. Организацијата се залага за слобода, рамноправност, солидарност, антинационализам и заедништво, наместо натпревар.

Во основата на организацијата се членовите и конгресот, кој претставува пленум на сите членови на организацијата и се одржува три пати во годината, или на секој четврти месец.

-Конгресот е место каде што секој член на организацијата ги предлага своите идеи за конкретни акции и со заедничко гласање се избираат најизводливите предлози. Врз основа на акциите одбрани преку гласање се формираат акциони тимови, кои понатаму ќе ја имаат обврската во даден временски рок да ги спроведат. На конгресот преку гласање се бираат и членовите на акционите тимови. На секој конгрес се избира и технички тим чија задача би била организирање и техничко спремање на наредниот конгрес и информативните состаноци. Покрај конкресот, организацијата ќе има и иницијативен одбор составен од нејзините основачи и ќе располага со извршна функција, стои на страната на организацијата.

Поврзани новости