407
Активности и лобирање кај надлежните институции за донесување суштински законски измени за подобрување на правата на лицата со посебни потреби, најавува денеска формираниот сојуз на здруженија на граѓани – Национална алијанса за инклузивно општетeсво 5 до 12.
Во сојузот се обединети здруженија на граѓани, членови на координативно тело на Граѓанска иницијатива 5 до 12, кои во изминатиот период со камување пред Собранието бараа поддршка за подобар третман на лицата со посебни потреби.
Измените на законите за кои ќе лобираат кај централната власт, според претставниците на здруженијата, не треба да се носат по брза постапка, туку со нив да се согледаат и третираат суштински проблемите