Формирана комисија за преговори со СПЦ

by Фокус

Македонската православна црква формираше комисија за преговори со СПЦ. Преговарачкиот тим го сочинуваат владиците Петар, Наум и Тимотеј, a епископот Климент ќе биде секретар во Комисијата за „црковен дијалог со СПЦ“која беше формирана денеска.

На седницата на Светиот синод било решено тимот на МПЦ во преговорите со СПЦ да го предводи митрополитот преспанско-пелагониски и австралиско–новозеландски, владиката Петар, а во Комисијата да бидат митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј,струмичкиот владика Наум, а за секретар е избран епископот Климент.

Српската православна црква во преговорите ќе ја претставуваат Митрополитот црногорско-приморски г. Амфилохиј и Епископите бачкиот г. Иринеј и захумско-херцеговачкиот г. Григориј, како и претставник на Охридска Архиепископија Епископот стобиски г. Давид.

Поврзани новости