Формиран Родителски пленум, утре заедничка родителска средба

by Фокус 12:22
12:22

Се формираше и Родителски пленум со цел да се поддржат средношколците кои ја бојкотираат наставата и да им се помогне. Пленумот за утре го закажа првиот состанок, односно заедничка родителска средба. Таа ќе се одржи пред платото на гимназијата Јосип Броз-Тито со почеток во 17 часот.

Цел на средбата е да се разменат информации за бојкотот на наставата и за случувањата во училиштата во кои учат нивните деца. Од Пленумот апелираа сите оние кои сакаат да дојдат, да дојдат како родители, без никакви обележја, туку со искрена желба за поддршка на децата.

- Advertisements -

Поврзани новости