ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го изгласа Груевски за лидер на партијата

by Фокус

Вториот ден од конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово ќе започне денеска напладне. 560 делегати ќе го гласаат Никола Груевски за лидер на партијата, како единствен кандидат за оваа функција.  Ќе се гласа и за нов состав на Статутарната и на Надзорната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, а ќе заврши и мандатот на Извршниот комитет. Неговиот нов состав ќе се избере во наредниот период.

Делегатите во текот на вчерашниот ден, во работниот дел од конгресот кој не е отворен за јавноста, донеле Конгресна повелба во која се утврдени насоките за понатамошното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на конгресниот слоган „Силна Македонија! Стабилност, работни места, инвестиции, доверба, перспектива“, пренесува Утрински весник. Бил усвоен и Извештајот за финансиското работење на партијата во периодот 2011-2015 година.

Поврзани новости