Фондот за здравство ќе ја зголеми квотата за лекови за овој месец

by Fokus

Фондот за здравствено осигурување денеска најави итна мерка – зголемување на квотите на аптеките во март, во вкупен износ од 15 милион денари, линеарно распределени по аптека.

Исто така, вкупниот буџет за лекови за годинава ќе се зголеми во износ од 100 милиони денари годишно.

-Аптеките можат да ги надминат месечните квоти најмногу до 10% месечно во првите пет месеци, а порамнувањето на квотите се врши два пати годишно. По автоматизам квотата за март самите аптеки ја намалиле за 15% , нагласија од ФЗОМ.

-Ние сме свесни за потребите на граѓаните, особено во овој период кога е зголемена побарувачката на лекови и во иднина би сакале овие аномалии да се решат, изјави директорот на ФЗОМ, Ден Дончев.

Од ФЗОМ апелираат, доколку осигурениците имаат некаков проблем да се обратат до нив, иако, како што рекоа, тие не се надлежни за набавките на аптеките.

Како што велат од таму системот бара менувања, бидејќи има недостатоци.

Во долгорочните мерки  најавено е воведување интегриран и ефикасен електронски систем преку вклучување на сите институции и здравствени установи и работници од здравствениот систем со воведување електронско здравствено досие по пациент.

Тоа според ФЗОМ е единствен начин проблемот со квотите да се реши, но дека тоа е процес што ќе трае.

-Крајниот исход би било непостоење квоти со што ќе се реши долгогодишниот проблем на осигурениците, велат од ФЗОМ.

МИА

Поврзани новости