Цаноски по рочиштето за Космос: Не знаат ни самите од што се бранат

by fokus

Бизнисменот Фијат Цаноски, по денешното рочиште во Кривичниот суд за предметот „ТНТ“ во врска со уривањето на комплексот „Космос“, рече дека со изјавите што ги дале пред судот, обвинетите дополнително се заплеткале во сопствената мрежа.

-Јас буквално сега ништо не разбирам што сакаат да кажат, затоа што кажуваат дека било изградена една гаража помалку, што значи дека ние сме сега пониско, не сме повисоко од самата градба, така да навистина не знаат ни самите од што се бранат. Тврдат дека едно ниво е помалку, а ние имаме и видео снимки дека рушеле три гаражи – рече Цаноски.

Претходно пред судот обвинетите, Никола Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски, тврдеа дека објектот бил законски урнат. Според нивната одбрана Фијат Цановски изградил две од планираните три гаражи, а објектот бил за 143 сантиметри повисок од основниот план.

Поврзани новости