411
Досега немаме докази за такво нешто, но тоа мора да се следи секојдневно, изјави претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен на прашањето за можни санкции против Кина во случај таа да ѝ дава оружје на Русија.
Прашана дали доколку сепак се докаже дека Кина испорачува оружје, ќе бидат воведени санкции, претседателката на ЕК, вели дека тоа е хипотетичко прашање на кое може да се одговори дури кога би станало реалност.
Германскиот канцелар Олаф Шолц пак, на оваа тема рече дека постои согласност дека „не смее да има испорака на оружје“.