Претседателката на Европската комисија во својот говор ја коментираше финансиската помош за Украина и протестите на големите земјоделци, а најави и борба против миграцијата и поголема заштита на границите.
– Не само што и даваме на Украина финансиски средства за да продолжи со нејзините економски активности, туку и даваме сигурност за следните четири години. Помошта ќе можеме да ја платиме веќе во март – рече Урсула фон дер Лајен во своето обраќање во Стразбур.
Таа најави и дека ЕУ ќе продолжи да се бори против миграцијата и да ги штити своите граници.
– Ќе одговориме на сите кризи! Со овој буџет, ЕУ има средства да се справи со некои од најголемите предизвици – рече таа.
Во своето обраќање таа се осврна и на големите протести на земјоделците ширум ЕУ.
– Тие се првите кои ги почувствуваа последиците од климатската криза, а го чувствуваат и ефектот на руската агресија врз Украина, инфлацијата и растот на цените. Без разлика на сето тоа што тие напорно работат за да ни создадат храна, ние треба да ги цениме за тоа. Ќе ги слушаме, знам дека се загрижени за својата иднина, но мора да одат кон поодржлив начин на производство и сакаме да се погрижиме да продолжат да работат – рече таа.