Фон дер Лајен вети помош од 80 милиони евра за Македонија за справување со кризата

by fokus

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен најави грант од 80 милиони евра за Македонија, пари кои треба да и помогнат на земјава да се соочи со последиците врз граѓаните и стопанството поради зголемената цен на струјата.

Тоа ќе биде итна буџетска поддршка за земјава којашто ќе може да ја користиме од јануари.

Таа најави и грантови од 500 милиони за регионов за инвестирање за да се обезеди независност од руските фосилни горива.

Таа порача дека Европа ќе биде заедно со Македонија во оваа војна и криза поради војната во Украина.

-Оваа војна со себе носи свирепост и уништување за украинскиот народ и задава дополнителни удари низ целиот свет. Како што сите знаеме и како што сите гледаме Русија продолжува да ја користи енергијата како оружје и манипулира со енергетските пазари. Ова резултираше со зголемени цени на енергијата и со нестабилна безбедност на снабдувањето и за жал и Северна Македонија е погодена од тој удар.

Но, бидете сигурни дека и ние го чувствуваме истиот притисок, но нема да се предадеме нема да отстапиме ниту еден сантиметар, бидете сигурни дека сме солидарни и обединети и со Северна Македонија и оваа криза ќе ја решиме и ќе ја надминеме заедно.

Европската унија е покрај вас, во ова сме заедно и ќе ја надминеме оваа криза заедно и ќе се придвижиме кон подобра иднина, рече Фон дер Лајен.

Поврзани новости