Двајца загинати во пожар кај ресторан во Битола

by fokus

Регионалниот центар за управување со кризи Битола информира дека противпожарните служби гасат пожар кај ресторанот „Кисела Вода“. До овој момент има пријавено две човечки жртви. Интервенцијата е во тек, противпожарните екипи се на терен.

-ТППЕ Битола интервенира кај ресторантот „Кисела Вода“. Од 16:27 часот се интервенира со едно против пожарно возило и со пет пожарникари. До овој момент има пријавено две човечки жртви. Интервенцијата е во тек противпожарните екипите се на терен, информираат од РЦУК Битола.

Поврзани новости