Бизнис магазинот Forbes објави листа на Топ 100 најмоќни и највлијателни жени во светот за 2023 година.
Оваа листа е создадена врз основа на четири главни критериуми – пари, медиуми, импакт и сфери на влијание.
На првите четири места се жени од сферата на политиката.
Како најмоќна жена за 2023 година, се наоѓа претседателката на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен (65).
По неа следува Кристин Лагард (67), која ја врши функцијата претседателка на Европската централна банка.
На третото место е потпретседателката на САД, Камала Харис (59), а следна е премиерката на Италија, Џорџа Мелони (46).
Зад нив е американската поп-пејачка Тејлор Свифт (33). Шестото место е резервирано за американската бизнисменка Керен Линч (59), претседателка и генерална извршна директорка на CVS Health.
На седмото и осмото место се генералната извршна директорка на американската банка Citigroup, Џејн Фрејзер (56), и генералната извршна директорка на американската инвестициска компанија Fidelity Investments, Абигејл Џонсон (61).
Деветта најмоќна жена во светот е генералната извршна директорка на General Motors, Мери Бара (61), а првата „десетка“ ја комплетира Мелинда Френч Гејтс (59), претседателка на Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.
Најмоќна жена од Балканот, сместена на 12. место на листата, е бугарката Кристалина Георгиева (70), која моментално ја извршува функцијата управен директор на Меѓународниот монетарен фонд.