Фон дер Лајен: И покрај заморот ги продолжуваме преговорите за Брегзит, тоа е единствено одговорно

by fokus

Преговорите меѓу Брисел и Лондон ќе продолжат, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по разговорите со британскиот премиер Борис Џонсон.

– И покрај заморот по речиси една година разговори и покрај прекршувањето на сите рокови, заклучивме заедно дека во моментов единствено одговорно е да продолжиме понатаму, вели Фон дер Лајен.

Во своето вонредно обраќање од Брисел, таа истакна дека ЕУ и Велика Британија заедно им дале мандат на своите преговарачи да ги продолжат преговорите и да видат дали е можно да се постигне договор во „овој доцен момент“.

Преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија за главните нерешени прашања за идните односи продолжуваат на ниво на главните преговарачи, Мишел Барние и Дејвид Фрост, во живо во Брисел.

Недела, како „краен рок“ беше договорена минатата недела за време на посетата на Борис Џонсон на Брисел и средбата со Урсула фон дер Лајен.

Поврзани новости