Урсула фон дер Лајен – претседателката на Европската комисија до крај на октомври ќе ја посети земјава, а претседателот на Франција, Емануел Макрон изразил желба да го стори истото, но не се знае кога точно би се случило тоа, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.
– Претседателот Макрон изрази желба дека во делот на неговите посети ќе биде и нашата држава. Со него имав неколку средби и ако погледнете во делот на поддршката од Франција, да не заборавиме дека и нашиот предлог за преговарачката рамка е во времето на француското претседателство. Од курсот на Франција се гледа дека е за проширување на ЕУ во овој геополитички момент во Европа – порача Ковачевски.
Инаку, Фон дер Лајен последен пат во Македонија беше пред токму една година со цел да му се пренесе на регионот дека тој е важен за Европската Унија.