Фон дер Лајен ѝ честиташе на Силјановска Давкова: Вашето лидерство доаѓа во клучен момент

by Fokus

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ѝ го честиташе изборот на Гордана Силјановска Давкова за првa претседателка на С. Македонија и рече дека нејзиното лидерство доаѓа во клучен момент, додека државата напредува во реформите и го продолжува својот пат кон ЕУ.

Фон дер Лајен додаде дека со нетрпение ја очекува соработката со новата претседателка на Северна Македонија.

„И честитам на Гордана Силјановска-Давков што стана првата жена претседател на Северна Македонија. Вашето лидерство доаѓа во клучен момент, додека вашата земја напредува во реформите и го продолжува својот пат кон ЕУ, со нетрпение очекувам да работам со вас“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Х.

Поврзани новости