Фолкерите се радуваат поради враќањето на Прилеп фест: Со квалитетни песни против кичот!

by fokus

Квалитетните фолк фестивали се најдобра алатка во борбата против кич музиката која го преплави регионот.

Само со нивно враќање може повторно да ја потсетиме публиката на вистинските фолк вредности и да се обидеме да оставиме хитови кои ќе траат со децении, како што тоа се случуваше во минатото, велат наши фолк изведувачи, кои ќе учествуваат на Прилеп фест.

Голем број на популарни музички имиња ќе бидат дел од Прилеп фест 2022, кој по подолга пауза ќе се одржи на 26-ти мај во домот на културата „Марко Цепенков“.

Своето учество веќе по потврдиле Наум Петрески, Елена Велевска, Адријана Кеш, Татијана Стефановска, групата Молика и други.

Организатори на фестивалот се „One Way“ продукција, односно Борче Нечoвски и Дејан Момироски, а покровител е Општина Прилеп.

Дополнително ќе биде објавено на која телевизија ќе се емитува настанот, а познато е дека изведувачите ќе бидат наградени со награди од публика и од жири. Ќе биде доделена и награда за животно дело.

Фолк музичарите не кријат дека ги израдувала веста за враќањето на фестивалот, од кој во минатото излегоа многу хитови. Едногласни се дека е потребно враќање на квалитетните музички фестивали, со цел промоција на нови песни, но и како еден вид на мотив на изведувачите, да творат повеќе и подобро.

Вики Клинчарова

Поврзани новости