За време на музичкиот фестивал кој се одржува во Измир, Турција, нашите фолк музичари кои се гости на настанот го ,,начекале” министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а средбата ја искористиле да се фотографираат заедно.
Фотографијата ја објави фолк пејачката Елена Велевска, со пораката –Браќа и сестри Македонци!
Покрај неа, во Турција деновиве гостуваа и Адријана Алачки, Благоја Грујовски, водителката Ирена Спировска… Станува збор за фестивал кој трае три дена и е во чест на македонско-турското пријателство.
Пејачите кои беа гости на настанот порачаа дека имале незаборавно дружење со публиката во Турција, а настанот бил беспрекорно организиран.
По повод посетата во Турција, Спасовски пак информираше дека се сретнал со претставници на повеќе македонски здруженија.
-Заеднички продолжуваме со јакнењето на нашето партнерство, пријателство и братство, бидејќи историјата креира и иднина, затоа и најважно е заеднички да ги сакаме и двете држави кои се во традиционално добри односи- порача министерот кој присуствувал на концертот на фолклорни ансамбли во рамки на Фестивалот Македонија, во организација на македонските здруженија и збратимените општини Чашка и Чили.
Вики Клинчарова