Наградата за најлошо облечени пејачи на Евровизија, која Македонија ја освои два пати, нема да се доделува!

by fokus

Популарната награда ,,Барбара Декс” која се доделува секоја година на најлошо облечените претставници на Евровизија, заминува во историја. Организаторите на настанот се огласија со соопштение до јавноста, во кое порачаа дека изборот на најлошо облечен евровизиски претставник нема повеќе да се одржува, бидејќи не сакаат да ги повредат чувствата на избраните.

-Последно нешто кое го сакаме е да ги повредиме луѓето. Во последните години, негативните коментари направија да сфатиме дека е време да ја укинеме оваа награда. Името на наградата секогаш ќе биде поврзувано со нешто грдо, затоа единствена опција ни е да престанеме со доделување на наградата – соопштија од Сонгфестивал.бе.

Инаку, најлошо облечениот евровизиски претставник го избираа гледачите, по пат на онлајн гласање, а Македонија досега два пати имаше победник.

Еднаш во 2005 година, кога Мартин Вучиќ беше нашиот претставник, и по втор пат во 2018 година, кога ,,Барбара Декс” наградата ја добија ,,Ај кју”.

Наградата за најлошо облечени учесници на Евровизија прв пат се додели во 1997 година. Македонија, Србија и Португалија ја имаат освоено по два пати, а минатата година отиде во рацете на Норвешка, односно кај изведувачот Андреас Андерсен Тикс, кој беше облечен како ангел со бели крилја.

Вики Клинчарова

Поврзани новости