„Фокус“ открива: Како синот на Насер Зибери го „озакони“ предвремено положениот правосуден испит?

„Фокус“ дојде до пресуда на Управниот суд, со која се докажува дека Фљамур Зибери, всушност, ја тужел поранешната министерка за правда, Рената Дескоска, која му го поништила решението со кое претходниот министер му дозволил 7 месеци порано да полага правосуден испит.

by fokus

Синот на народниот правобранител Насер Зибери го положил правосудниот испит 7 месеци предвреме, со „амин“ на тогашниот министер за правда, Билен Салиу. Фокус“ дојде до пресуда на Управниот суд, која докажува дека Фљамур Зибери ја тужел поранешната министерка Рената Дескоска, која претходно му го поништила решението. На крајот, Судот пресудил во корист на помладиот Зибери

 Пишува: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

Народниот правобранител Насер Зибери лично се сомнева дека власта има спремност, капацитет и ресурси да ја промени состојбата во правосудството, чија доверба кај граѓаните, да може, ќе оди во минус.

Недовербата на граѓаните во судството, Зибери ја гледа со свои очи секојдневно, на работното место. Во институцијата со која раководи, граѓаните доставуваат најголем број претставки и поплаки токму за судството, правосудството, односно за работата на основните судови, извршителите, адвокатите, нотарите…

Но, на Зибери сигурно не му стигнала претставка од некој кандидат, кој предвреме положил правосуден испит со „амин“ од некој поранешен министер.

Иако претходниот Закон за полагање на правосуден испит не го дозволуваше тоа, сите си го толкуваа многу слободно, бидејќи немало напишано одредба дека министерот нема дискрециско право да дозволи предвремено полагање правосуден испит.

Исто како и синот на собранискиот спикер Талат Џафери Барлет Џафери, кој прво положил правосуден испит, па потоа дипломирал на Правен факултет и синот на омбудсманот предвреме полагал правосуден испит.

„Фокус“ дојде до пресуда на Управниот суд, со која се докажува дека Фљамур Зибери, всушност, ја тужел поранешната министерка за правда, Рената Дескоска, која му го поништила решението со кое претходниот министер му дозволил 7 месеци порано да полага правосуден испит.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости