Покрај тоа што веќе е апсолвирана темата за увоз на гласачи од странство, кои добивале документи и право на глас иако немале реално живеалиште во земјава, постоела појава и на преселба на гласачи од една во друга општина во државава.
Според податоците што ги поседува „Фокус“, жители на општини во кои ВМРО-ДПМНЕ убедливо победува на последните изборни циклуси, како на пример, во Кавадарци и во Свети Николе, се преселиле во таканаречени ризични општини, пред сѐ во Центар, непосредно пред локалните избори во 2013 година, за да се вратат во родното место веднаш по завршувањето на изборите.
Да биде посилен впечатокот дека не се работи за случајност, туку за вешто смислена изборна измама, потврдуваат информациите дека тие добивале лични карти надвор од законската процедура, без претходно да го добијат неопходното решение за живеалиште од МВР
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”