Горан Грујевски водел тефтер за следење на специјалните обвинители!

by Фокус

Во станот на шефот на Петтата управа на УБК, Горан Грујевски, кој заврши во домашен притвор заради уништување на опремата за прислушување на МВР, специјалните обвинители откриле нотес со податоци од кои може да се заклучи дека агенти на УБК или приватно ангажирани професионалци ги следеле специјалните обвинители.

Покрај името и презимето на обвинителите, во тефтерот стоеле податоци за местото на живеење, за релациите и контактите со други лица, соработниците, како и податоци за тоа на кои предмети се ангажирани обвинителите и како им напредува истрагата.

Во белешките од нотесот се посочувале и сведоците со кои обвинителите имале контакти и информациите кој од испрашаните сведоци се согласил да изнесе сознанија, факти или докази.

Сето ова отвора сомневања дека на овој начин владејачката партија преку своите истурени луѓе во МВР и во УБК, лесно можела да влијае врз сведоците на специјалното обвинителствo.

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”