Жар за радикален оган!?

by Фокус

Немири и протести може да предизвика пресудата во досието „Монструм“ ако судот позитивно одговори на предлогот на Јавното обвинителство и пресуди доживотни казни затвор. Строгата казна може и да не ги налути многу Албанците во Македонија, но претпоставките се дека кривичното дело за кое им се суди – тероризам, поттикнат од радикален ислам ‒ ќе ги изреволтира верниците – муслимани.

По пресудата, за која е извесно дека ќе содржи доживотни казни затвор, ќе следуваат протести, но кој ќе стои зад нив и во каква форма ќе се организираат рано е да се зборува.

Впечаток е дека на терен се „загреваат“ демонстрантите. Според информациите, ги испровоцирал настапот на обвинителката Гордана Гешковска, затоа што, како што пренесуваат активистите на некои невладини организации, бил со предрасуди кон целата албанска заедница и затоа што таа звучела како да им пресудила на обвинетите!

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”