Љубе без докази бил осуден на 12 години затвор

by Фокус

Пред речиси една година, Љубе Бошкоски беше осуден на 12-годишна казна затвор како обвинет во случајот „Ровер“, за наводно помагање, и тоа не било какво, туку психолошко, на убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев.

Апелациониот суд неодамна ја укина пресудата на првостепениот суд за случајот „Ровер“, со која Бошкоски беше осуден на 12-годишна робија. Утврди дека пресудата била нејасна и неразбирлива, со изразен сомнеж и дека е незаконска.

Случајот наскоро повторно ќе влезе во судница, но овојпат товарот, наместо обвинетите, ќе го носат обвинителот и судиите. Тие сега се ставени на тест како, по 13 години од двојното убиство на Маријан Тушевски и Киро Јанев, да најдат свежи докази кои ќе го вплеткаат и Бошкоски.

Дали конечно среќата му се насмевнува на Љубе или ова е мала увертира во уште пострашно сценарио?

Пишува
Валентина СТОЈАНЧЕВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”