Здравството е мртвороденче на Тодоров

by fokus

Македонското здравство го тресе мегаскандал откако лекари вработени на Клиниката за гинекологија споделија со јавноста дека 80-тина новореденчиња починале за шест месеци во болницата. „Фокус“ располага со документи, имиња и презимиња на пациентки што се породиле на клиниката, а ги изгубиле бебињата, како и со имињата на гинеколозите што ги извеле породувањата или оперативните зафати со царски рез.

Одлучивме да го скриеме идентитетот на лекарите. Како најчести причини за зголемената смртност на новороденчињата се наведуваат болничките инфекции, кои мајките и бебињата ги добиваат додека се во болницата.

Од Гинекологија, пак, тврдат дека бројките се извадени од контекст. Директорката Хаџи-Лега заминала на одмор, а на клиниката се вршела внатрешна истрага за тоа кој ги изнел документите од пациентките.

Дел од болничките истории се ставени под клуч за лекарите да немаат пристап до нив. Министерот Тодоров, пак, наместо да понесе одговорност, мудро молчи, а од Министерството за здравство ни испратија одговори на нашите прашања со вокабулар на партискиот штаб на ДПМНЕ

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”