Во „братска“ Унгарија неонацист стана градоначалник

by Фокус

Еден од лидерите на унгарското ултрадесничарско движење „64 држави“, Ласло Тороцкај стана прв човек на руралната општина Асотлам која се наоѓа на српско – унгарската граница.
Српските медиуми и Европскиот еврејски конгрес пишуваат дека тој е познат по отворената нацистичка идеологија и политичар со нескриени територијални претензии кон Србија, односно кон Војводина која за унгарските ултрадесничари е јужна Унгарија.

„64 држави“ е ултрадесничарско младинско движење кое се бори за обединување на сите етнички Унгарци кои живеат надвор од матичната држава и кое бара ревизија на Тријанонскиот мировен договор од 1920 година. Според одредбите на овој договор Унгарија изгубила две третини од територијата, кои биле поделени меѓу Австрија, Чехословачка, Кралството СХС и Романија.

На локалните избори во општината со големина од 4.000 жители 71.5 отсто од гласовите отишле кај 35 годишниот Тороцкај, а како едно од поважните негови изборни ветувања е намалувањето на платите на општинската администрација.