Граѓаните се покажаа. Ги освоија улиците. Сега останува сите политички партии што не се ВМРО-ДПМНЕ, добро да се организираат и на изборите што следат да го остават ВМРО-ДПМНЕ со „полупразни“ раце.
Со тоа ќе заврши едно мрачно време, времето на груевизмот! Место за некое милосрдие кон актерите на тоа време ‒ нема! Доволно јако се наполнија со народни пари кои, да не се залажуваме, никогаш нема да се вратат. „Папала маца!“
Но, алчноста и крволочноста сè уште ги држи членовите на фамилијата. Затоа, претпазливо! Оро играјте и на дупка гледајте!
Груевски е готов на сè. Му треба само уште една од неговите болно извитоперени замисли, ама овојпат: „Митко ми текна“, па да направи крш во државава!
Пишува
Ана ПАНОВСКА
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”