ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ стопиле повеќе милиони евра од буџетот за партиски цели!

by fokus

Неколку државни институции, во минатиот период утврдија незаконско финансирање на партиите, кое во суштина се одвива по една добро разработена шема на извлекување пари од буџетската каса и пренесување на партиска сметка.

Во тој контекст, СЈО отвори истрага против претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи злоупотребувало лични податоци на партиските членови за да легализира неколку милиони евра низ партиските текови.

Во меѓувреме, Антикорупциската комисија покрена постапка пред обвинителството поради тоа што ДУИ се финансирала од буџетот и со јавни средства, додека државниот ревизор констатираше дека оваа партија не евидентирала донации, како и дека примила донации над законскиот лимит.

Какви неправилности констатираа надлежните институции за другите партии?

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”