Доколку во Македонија би се снимала серија по урнекот на американската „Кула од карти“, дефинитивно главен лик би бил Никола Груевски, човек кој од обичен брокер за само две децении се издигна до тоа да биде апсолутен владетел над животите и судбините на два милиона луѓе, и кој со својата макијавелистичка итрина и безмилосна византиска лукавост успеа да ги порази и политички да ги надживее сите непријатели со кои се соочи.
И ете го, уште не се дава. Еден дел од публиката сѐ уште го бара и го одржува во политички живот. Иако токму неговите најверни фанови се свесни дека тој е негативец, сепак тоа не им пречи. Оти ги има пленето со неговата игра, со неговата интерпретација на Негативецот до тој степен што тие се спремни да го третираат како херој во приказната иако им е јасно дека е баш антихерој или со локален речник кажано – контрахерој.
Пишува
Нено БОГДАН
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”