Тој што ништо добро не очекува, може да биде само позитивно изненаден

by fokus

Да, факт е дека оној кој ништо не очекува или ќе добие потврда дека бил во право ако ништо добро не се случи, или ќе биде позитивно изненаден ако нешто добро (дури и по грешка или случајно) се случи. Ама идолите нема да исчезнат, тие само ќе бидат ресетирани со нови ликови.

Изреката вели дека не е богат оној што многу има, туку оној на кој малку му треба. По таа аналогија, како што нам докажано малку ни треба за во еден политички медиокритет да видиме историска величина, капацитетот за идолизација кај нас не би требало да е сосема истрошен.

Овој народ сѐ уште има љубов за давање, а се чини, и лидерите имаат за земање, еве ги веќе ред се редат кој да земе и повеќе и пожестоко.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК