Тетовци дишат загаден воздух 20 пати над дозволеното!

by Фокус

Иако се наоѓа под Шар Планина, Тетово е убедливо најзагадениот град во земјава и влезе во групата на топ 3 најзагадени градови во светот, откако мерните станици измерија присуство на суспендираните ПМ 10 честички во воздухот 20 пати повеќе под дозволената граница.

Ова го запали алармот кај граѓанските организации, кои, покрај другото, бараат локалните власти да ја дислоцираат градската депонија, а владата да го принуди „Југохром“ конечно да ги инсталира филтрите.

Во меѓувреме, граѓаните може да се надеваат дека имаат силен имунитет, кој ќе ги одбие болестите што ги носи аерозагадувањето

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”