Улогата на тефтерчињата јасно се разобличи на почетокот од минатата година, кога опозицијата започна да ги објавува т.н. бомби произлезени од масовното прислушување што го вршела тајната служба.
Тогаш, покрај новокомпонираните термини и неологизми, се реафирмира и архаизмот „тефтерче“ како синоним за бележник во сопственост на државен функционер, кој служи за потсетување кои доверливи, послушни и ептен верни партиски лица треба да се инсталираат на истакнати позиции во институциите.
Авторското право го има тогашната министерка за внатрешни работи, која ја откри конспиративната улога и моќ на тефтерчето и неговата супремација над Уставот и законите.
Пишува
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”