„Т“’ како точка на Тиранијата!

by fokus

Можеби еден ден ќе дознаеме зошто Специјалното јавно обвинителство одлучило сите свои случаи да ги води под називи кои почнуваат со буквата „т“ и можеби објаснувањето ќе биде прозаично, бизарно или комично.

Засега ги имаме предметите Титаник, Тортура, ТНТ, Транспортер, Тврдина, Трезор, Топлик и Тендери, кои тотално го распаметија раководството на владејачката партија, доведувајќи го до состојба на дезориентираност и неартикулираност.

Колку што можев да забележам во моите потраги по симболичното значење на буквата „т“, се работи за прилично мистериозен знак. Од многубројните толкувања, посебно ми е привлечна јудаистичката легенда за знакот „Тау“, во која се вели дека кога Бог одлучил да го создаде светот, првата буква што се појавила пред него била токму „т“, односно „тау“, која е последната буква на еврејското писмо.

Со неа се поврзуваат називите за поимите „закон“ (Тора) и „вистина“ (емеТ) и се изведува значењето на овој симбол како „Божји печат“.

Пишува
Гордана ПОПСИМОНОВА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”