Народот може сега мирно да спие! Во сигурни раце е. Власта ни рече дека последниве избори биле најмирни досега, но тоа не нѐ изненади. Немаше потреба дури ни од посматрачи зашто во малава оаза на мирот отсекогаш сме се гордееле со своите кротки и мирољубиви граѓани, кои мудро знаеле да го сочуваат мирот и разумот и во многу потешки ситуации.
Упорните и бескомпромисните борци за човекови права, достоинство, слобода и за демократија веќе не му се потребни на народот. Не му е потребен некој што ќе му ги отвора затворените очи.
Народот се измори и сака да спие, не сака да слуша за грабежите, измамите и за лагите на својот единствен спасител – власта. Тој си го сака есапот што таа му го прави зашто таа најдобро знае колку му треба нему да си ги протера месецот, годината и животот
Пишува
Синоличка ТРПКОВA
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”