Ете, пред некој ден, слушнав од човек кој од дното на душата го мрази ВМРО-ДПМНЕ дека е сосема оправдано оваа власт да го намести и фалсификува референдумот оти така ќе ја внесе државава во НАТО. Плус, океј е ако власта ги поткупи или заплаши газдите на медиумите и не само што може, туку и треба да ги репресира, преку судството и безбедносните служби кои ги контролира, сите нејзини критичари, само и само да ја внесе државава во НАТО.
А зошто тој човек ја мрази од дното на душата му ВМРО-ДПМНЕ? Па, затоа што кога беше на власт, таа местеше и фалсификуваше гласања, поткупуваше и заплашуваше газди на медиуми и преку судството и безбедносните служби кои ги контролираше ги репресираше сите нејзини критичари.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”