Родители, внимавајте каде ги носите вашите деца да се лекуваат!

by Фокус

Пред повеќе од една година, на скопската Клиника за инфективни болести почина 12-годишната Анамарија С., под сомнителни околности.

Нејзините родители со јавноста ја споделија вистината за прераната смрт на девојчето, кое почина по само три часа лекување на клиниката.

Тие ги обвинија лекарите за несоодветно лекување, при што нивното дете од обична вироза доживеало шок на организмот и ѝ откажало срцето. Ситуацијата кулминираше откако родителите излегоа со отворено писмо во кое се наведуваше дека директорката на Детската клиника, Аспазија Софијанова, била член на Комисијата што го испитувала случајот, а таа експресно го демантираше тоа.

Но, мајката на Анамарија прашува во која улога била Софијанова заедно со уште неколку лекари да го „истражува“ случајот кај матичната лекарка на девојчето, ако не била член на комисијата и зошто директорот на Инфективната клиника, Ѕвонко Миленковиќ, цело време молчи!

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”