Во економијата е присутна монополистичка моќ!

by Фокус

Професор Владимир Филиповски, во интервју за „Фокус“, ги анализира последните показатели во економијата за јавниот долг, порастот на БДП, странските директни инвестиции.

За распределбата на БДП, Филиповски смета дека „за поголем дел од популацијата, растот на БДП не значи и сразмерен пораст на нивната благосостојба, а нерамномерната распределба на доходот и богатството може да сигнализира отсуство на ефективна пазарна конкуренција во економијата и присуство на монополистичка моќ“.

Во однос на странските инвестиции, пак, професор Филиповски вели дека тие во основа се квалитетен извор на странско штедење за финансирање на економскиот раст и вработувањата, бидејќи се извор на траен капитал, и не креираат задолжување на земјата, но дека во основа, најдобар начин за привлекување инвеститори е креирањето здрава економска и политичка клима.

Разговараше
Младен ЧАДИКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”