Реакција на Борче Стамов на веста за сообраќајката

by Фокус

Почитувани,

Во врска со написот “Градоначалникот Борче Стамов предизвикал сообраќајка?“, објавен на фокус.мк на 31 март, најостро ги демантирам наводите изнесени во текстот, дека сум предизвикал сообраќајна несреќа, што претставува обид да се наруши мојот углед, без разлика што насловот е завиен во прашална форма.

За тоа, како настанала сообраќајната незгода, кој ја предизвикал, ќе покаже вештачењето.

Воедно, со овој демант, Ве известувам дека ќе поднесам приватна тужба за нарушување на угледот и честта, а Вашите наводи ќе мора да ги докажете пред судските органи во Република Македонија.

Со оглед на сето ова, се надевам дека мојата реакција ќе биде навремено и целосно објавена на порталот фокус.мк.

 

Со почит,

Борче Стамов

31.03.2014