Во изминатите единаесет години Мафијадонија стана препознатлива по систематското кастрирање на професионализмот и форсирање маргинални фигури кои изигруваат битни фактори.
Механизмот на кадровски рулет за селекција на профанисани кадри наместо професионални, кои освен недостигот од познавање на материјата што ја работат, често и воопшто не се мешаат во сопствените надлежности, остави посебен белег во функционирањето на преродбеничкиот систем.
Партиски војници од анонимни, невешти и далдисани бездарници и пушинели, преку кадровски чистки го истиснаа здравиот професионален човечки материјал и се распослаа во институциите, па така се случи премиер, министри, градоначалници, директори на јавни претпријатија, универзитетски професори, дипломати и други „преродбенички таленти“ да ја преземаат судбината на државата во свои раце и да ја преродуваат и ограбуваат надолж и попреку.
Пишува
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”