Петар Георгиевски – Камиказа: Скопје треба да се ослободи од окупаторите, кои го гушат

by fokus

Петар Георгиевски или Перо Камиказа помладите го паметат како основач и басист во култниот бенд „Меморија“, но и по улогата на Рио во серијата „Трст Виа Скопје“. Но, токму помладите може да се вџашат од неговата инспиративна животна приказна полна со анегдоти, но и успешна актерска, музичка и бизнис-кариера.

Завршил студии на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а веднаш по факултетските денови следувала неговата најплодна актерска кариера со многу настапи и претстави во Суботица, во еден од најдобрите театри во тоа време – КПГТ, каде што играл заедно со актерските бардови Раде Шербеџија, Сања Савиќ, Ана Костовска…

По шест години поминати во Суботица, се вратил во Скопје, не продолжил да работи во театар, туку во тогашната Радио-телевизија Скопје. Во 1989 година ја формира „Меморија“, чија песна „Кога си сам“ е своевидна асоцијација на формирањето на суверена независна Република Македонија. Сега на 61 година, Георгиевски во интервју за „Фокус“ зборува како целото искуство и знаење ќе се обиде да го покаже ако стане прв човек на Град Скопје

Разговараше
Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК