Пастирот не бил бандит, туку борец против ЦИА, Америка и НАТО

by Фокус

Мотивот најдобро се опишува со еден мрсен виц. Оној, кога пациент отишол на лекар, а лекарот му рекол дека има лоша дијагноза од која не му преостанува многу живот, евентуално неколку месеци – хронична, неизлечива дијареја!

Болниот збеснал, не толку поради злата судбина, туку поради дијагнозата. Аман, докторе, ве молам наместо дијареја пишете сифилис, сите да чујат дека сум умрел како ебач, а не како серко!

Соочен со својот политички фајронт, Груевски на својата агит-проп камарила ѝ порачува – аман, ве молам, драги мои доктори на пропагандата, ако веќе мора да си заминам од политиката, а не дај Боже да мора да одам в затвор, наместо организиран криминал, изборни измами, диктатура и тортура, лаги и уцени, корупција и провизија, пишете дека сето ова ми се случува зашто се борам против новиот светски поредок, пишете дека сум жртва на американски заговор, на странските служби и на украинско сценарио, на домашните шпиони, на учките и на соросоидите!

Пишува
Зоран ДИМИТРОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”