Стеван Дојчиновиќ е истражувачки новинар од Белград, кој работи во една од најуспешните и најголеми организации за истражувачко новинарство, OCCRP (Репортерски проект за организиран криминал и корупција), како и во Центарот за истражувачко новинарство во Србија (ЦИНС).
Дојчиновиќ во својата кариера ги откри линковите меѓу бизнисмените на Балканот и организираниот криминал, голем број случаи на перење пари и спорни приватизации…
Познат е по интервјуто со Зоран Чопиќ, една од клучните фигури на балканското криминално подземје, додека се криеше во Босна и Херцеговина од српските власти.
Ја истражуваше и улогата на балканската мафија во меѓународниот шверц на кокаин, а неговите стории се објавени во бројни балкански и странски медиуми.
Дојчиновиќ е добитник на голем број награди за истражувачко новинарство, а сега ја објавува својата прва книга поврзана со аферата Шариќ – еден од најпознатите шверцери на кокаин на овие простори.
Разговараше
Мери ЈОРДАНОВСКА
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”