Грујо го излизга Ставре. Ова е чаршискиот муабет кој може да се чуе по фамозното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, кое партијата го срочи откако стана јасно дека отиде уџум најавената инвестиција на Субрата Рој во овчеполска Џумајлија.
Партијата вели дека ниту Груевски, ниту, пак, владата не рекле оти индискиот тајкун ќе ги истури милионите во Македонија, ниту, пак, кажале дека тоа нема да се случи.
Ако Ставрески во 2006 година беше човекот задолжен за добрите вести од економијата и од „Дуинг бизнис“, по осум години во кабинетот на Груевски тој се доживува како министерот кој „дере“ за да се пополни буџетот.
Вицепремиерот не е политичар кој пораснал во партијата и токму затоа тој ја црпи моќта директно од кумството со Груевски иако скопската чаршија знае да каже дека не е во најголема слога со пошироката Фамилија на власт
Пишува
Владо АПОСТОЛОВ
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”