Студентите одржаа јавен час по демократија

by Фокус 18:20
18:20

По многу години, низ улиците на главниот град повторно зачекорија илјадници студенти, кои како од едно грло извикуваа „Доста беше молк“.

На протестот против воведувањето државни испити во високото образование, на број беа околу 3.000, но вредеа за десетпати повеќе, бидејќи ја вратија надежта во младината и покажаа дека се тука.

- Advertisements -

Недостасуваа само тие што, меѓу две студиски години, скитаат по белиот свет, и тие што се дома, но сѐ уште не се осмелуваат да прозборат.

А, со нив, неочекувано, замолкна и власта.

Дали го признаа поразот или, сепак, се подготвуваат за пресметка?

Пишува
Валентина СТОЈАНЧЕВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”