Според информациите на „Фокус“, неколку инциденти веќе се случиле на дел од клиниките, и тоа на Детска хирургија, на Дигестивна хирургија, на Торакална и на Неврологија, каде што операциите траат долго, поточно од еден до седум часа, а со тоа самиот живот на пациентите бил ставен во опасност.
Нашите извори тврдат дека пред десетина дена, на Детска хирургија се расипал компресорот за време на операција на дете, со што настанала паника дека здравствената состојба на детето може да се влоши, па било шетано од една во друга операциона сала.
Сличен случај имало и на Абдоменална хирургија, кога бил опериран пациент со карцином.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК