„Во случајот „Актор“ неопходно е да се види својството на лицата, за која цел се подигнати парите, каде завршиле на крајот? Можно е да има кривично дело „перење пари“, а ако, пак, сакале да избегнат давачки, тогаш има „даночно затајување“, дури и поткуп или незаконско финансирање политички субјект.
Постојат повеќе одредби во оваа глава од Кривичниот законик и затоа е важно да се направи целосна проверка на дејствата и на вклучените лица. „Колку да звучи ова сложено, тоа му е работа на обвинителот“, вели Слаѓана Тасева.
Обвинителството, пак, ја одмрзна сметката на „Актор“, вообичаено како и за секоја афера што ја обелоденува опозицијата третирајќи ја со „низок е сомнеж“!
Пишува
Љубиша АРСИЌ
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”