Министерот Тодоров заштеди 6,5 милиони евра на здравјето на дијабетичарите!

by fokus

На листата за штедење на министерот Тодоров, кој постојано се фали дека ги намалил трошоците во здравствениот буџет, најзагрозени се 200.000 дијабетичари, од кои само 46.000 се на инсулинска терапија.

Тодоров постојано го намалува буџетот за набавка на инсулин, па од 21 милиони евра во 2012 година, во 2016 година тој падна на 14,5 милиони, односно Министерството заштедило 6,5 милиони евра.

Но, сето тоа е на сметка на пациентите болни од дијабетес, кои реагираат дека примаат неквалитетни и небезбедни инсулини од првата генерација кои се опасни по нивниот живот, иако во светот веќе се користат инсулини од третата генерација, додека, пак, лекарите му даваат целосна поддршка на министерот!

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”