Дали Фамилијата ги ограбува возачите точејќи им помалку гориво?!

by fokus

Ненад Бабиќ, управител на „Недељковиќ“, фирма која ги баждари индивидуалните бензински пумпи низ државава, е сопственик на „Бом оил петрол“, компанија која има бензиска пумпа во Тополчани.

Нејзини сопственици, пак, се и Ванчо Кацарски, вработен во Бирото за метрологија, надлежен за верификација на бензинските пумпи и Кристијан Џагадуровски, контролор во Бирото.

Конфликтот на интереси е очигледен, а ако се знае дека преку баждарење бензинските пумпи може да се наштелуваат да точат помалку гориво од прикажаното и да ги ограбуваат возачите, тогаш оваа работа не е само за Антикорупциската комисија, туку и за Јавното обвинителство.

Директорот на Бирото за метрологија, Димитар Парнарџиев, кумашин на Мартин Протуѓер и брат на Маја Парнарџиева Змејкова, ексдиректорка на Фондот за здравствено осигурување, за ова дознал пред една недела и, како што вели, веќе наложил дисциплинска постапка против двајцата вработени!

Пишува
Љубиша АРСИЌ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”